Essential излегува во три нови бои

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Пред неколку дена стана јасно дека минатата година компанијата Essential можеби успеала да продаде помалку од 90.000 смартфони, но тоа очигледно не е пречка да го предложи уредот во три нови бои.
Тие се ограничени и се дел од пролетната колекција на компанијата на Енди Рубин. Сите три варијанти ќе бидат продадени преку сајтот на Essential по цена од 599 долари, што е 100 долари повеќе од цената на претходните изданија.

Првата нова боја која ќе излезе во продажба се нарекува Ocean Depths и е опишана од страна на компанијата како најмодерна понуда насочена кон фановите на модата.

Како што се гледа од фотографиите, задниот керамички панел на уредот е со интересна сино-зелена боја, која дава контраст со бронзената боја на страничната рамка.

ЅStellar Gray е со минималистички изглед со мат заден панел во црна и црна метална рамка а продажбата ќе започне на 20-ти февруари.

Последната верзија е наречена Copper Black и ќе биде достапна од 22 февруари. Според компанијата таа е инспирирана од часовниците и додатоците од висока класа и нуди сјаен керамички заден панел кој е контраст со титаниумската рамка, која е во бронзена боја.

Слични содржини