Естонците ja креваат во Норвешка највисоката дрвена зграда во светот

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Естонската градежна компанија Kodumaja до крајот на годината ќе ја изгради во норвешкиoт град Берген 14-катната зграда со висина 51 м, која ќе биде највисоката дрвена зграда во светот, рече во вторникот сајтот Delfi.bob1

“Изградбата на необичната куќа која веќе го добила називот The Tree (Дрвото), започна во октомври минатата година. Речиси не се користат челични конструкции. Но, се разбира, меѓу катовите на зградата изградбата делумно е со армиран бетон. Освен темелите и подземниот кат со паркинг, на петтиот и десеттиот кат ќе бидат направени железно-бетонски средни платформи. Третата слична платформа ќе биде на последниот кат под покривот “, се наведува во пораката.

Норвешката компанија има намера да ги продаде ексклузивните  апартмани во дрвената зграда на цена 7-8 илјади евра по квадратен метар.