Естонците првпат ги тестираа HIMARS системите и ги вознемирија руските политичари: „Ќе ги браниме нашите интереси“

од desk2
14 прегледи

Естонија денеска првпат го тестираше својот ракетен систем HIMARS, извршувајќи боево гаѓање. Тоа ги вознемири руските политичари, јавуваат светските агенции.

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, порача дека овој потег на естонската војска е сериозен инцидент.

„Балтичкиот регион е напнат поради агресивната политика на европските крајбрежни држави. Русија има намера цврсто да ги брани своите легитимни интереси во овој регион. Фактот дека многу земји таму преземаат провокативни акции е очигледна реалност“, порача Песков.

Естонското Министерство за одбрана извести дека во текот на воената вежба сите HIMARS ракети прецизно ги погодиле морските цели. Некои цели биле со големина на канта, а некои оддалечени и до 15 километри.

Вежбата што се случи по 4 месеци интензивни подготовки е клучен чекор во интеграцијата на шесте системи HIMARS што САД ги испорачаа на Естонија пролетва, во рамки на договорот вреден 200 милиони долари.

Слични содржини