177
Естонија ќе го протера рускиот амбасадор, како реципрочна мерка по одлуката донесена неколку часа претходно од Русија за протерување на естонскиот амбасадор, соопштено е денеска во Талин.
„Го почитуваме принципот на реципроцитет во односите со Русија“, соопшти естонското министерство за надворешни работи.
Рускиот амбасадор ќе мора да ја напушти Естонија истиот ден, на 7 февруари, кога естонскиот амбасадор ќе ја напушти Русија, пренесе „Бета“.
Руските власти претходно денеска најавија дека ќе го протераат естонскиот амбасадор поради „целосната русофобија“ на Талин и дека дипломатските односи ќе бидат сведени на ниво на вршител на должност.