Естонија потпиша договор со САД за купување на повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS, објавија естонските медиуми.
Договорот со американската Агенција за соработка во одбраната и безбедноста го потпиша генералниот директор на естонскиот државен центар за одбранбени инвестиции, Магнус-Валдемар Саар.
Вкупната вредност на договорот е повеќе од 200 милиони долари.
„Како дел од договорот, покрај повеќецевните ракетни системи, Естонија ќе купи и муниција и опрема за комуникација. Договорот вклучува и решавање на прашања поврзани со обука и логистика. Пакетот вклучува различни ракети со дострел од 70 до 300 километри“, изјави Рамил Лип, раководител на Одделот за вооружување на Центарот за инвестиции во одбраната.
Тоа е најголемата набавка за одбрана во историјата на Естонија.