200
Естонија следната недела ќе ги затвори границите за руските граѓани со шенген визи издадени од таа земја, објави денеска естонскиот министер за надворешни работи Урмас Рејнсалу.
„За една недела ќе бидат применети санкции за шенген визите издадени од Естонија за граѓаните на Русија. Санкцијата значи дека визите ќе останат валидни, но имателите на визи ќе бидат санкционирани при влез во Естонија, односно ќе им биде забранет влезот“, рече Рејнсалу на прес-конференција.
Од санкциите ќе бидат изземени лицата чиј влез во Естонија е неопходен од хуманитарни причини, блиските роднини на естонските граѓани и оние кои имаат дозвола за постојан престој во Естонија.