Естонија го затвора воздушниот простор за руските авиони: „Нема место за агресорска земја“

од Vladimir Zorba
291 прегледи

Естонија го затвори воздушниот простор за руските авиони, изјави премиерот Каја Калас, која ги повика и другите земји од ЕУ да го сторат истото.

– Нема место за авионите на агресорска земја на демократското небо – напиша таа на својот официјален Твитер профил.

На овој начин Естонија се приклучи на својот балтички сосед Летонија.

Да потсетиме, Полска, исто така, од петок навечер до сабота, го затвори својот воздушен простор за руските авиони.

Слични содржини