Естонија и се приклучи на Германија во заедничката програма за снабдување со муниција на Украина, јави ДПА.
-Многу сум среќен што Естонија штотуку одлучи да се приклучи на германските рамковни договори за муниција, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус на состанокот со неговиот естонски колега Хано Певкур во Талин.
Тој додаде дека тоа ќе и овозможи на индустријата да го зголеми својот производствен капацитет, што е „многу важно за сите нас“.
Муницијата е и ќе остане критичен фактор во способноста на Украина да се спротивстави на противникот, додаде Писториус.
Певкур рече дека треба да се инвестираат повеќе средства во одбраната за да се набави повеќе муниција.
-Мораме да се надеваме дека индустријата ќе биде подготвена да произведе повеќе, а потоа ќе можеме да купиме повеќе, рече тој, мислејќи на програмата на ЕУ што ја започна Естонија за снабдување на Украина со еден милион артилериски гранати.
Писториус и Певкур, исто така, ги споменаа теренските болници кои се испорачуваат во Украина како дел од заедничката иницијатива.
Претходно, двајцата министри ја посетија естонската воздухопловна база Амари, која често ја користат германските воздухопловни сили како база за мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор во Балтичкото Море.