Етиопија ги доби првите вакцини преку програмата „Ковакс“

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Етиопија денес ги доби своите први дози на вакцина против коронавирус – 2,2 милиони дози преку механизмот „Ковакс“ на СЗО.

Министерката за здравство Лиа Тадесе го поздрави механизмот „Ковакс“ како невидено глобално партнерство.

„Колку повеќе луѓе се вакцинираат, толку побрзо ќе ја победиме пандемијата (коронавирус)“, рече министерот на аеродромот во Адис Абеба.

Во Етиопија, 165.000 луѓе биле заразени со вирусот, од кои повеќе од 2.400 починале.

Втората најнаселена земја во Африка, со 110 милиони жители, планира да вакцинира околу 20 проценти од населението до крајот на годината.

Вакцинацијата треба да започне оваа недела.

СЗО објави дека ова е прва испорака на вакцината во Етиопија и дека следните испораки ќе бидат во наредните недели.

Слични содржини