Етиописката влада ги обвини силите на Тиграј за убиство на 100 млади лица

од Milan1

Етиопската влада ги обвини во понеделникот бунтовничките тиграјски сили за убиство на сто млади во клучниот град Комболчa, додека САД изразија загриженост поради напредувањето на бунтовничките сили една година по почетокот на судирите.

Фронтот за национално ослободување на Тиграј, кој се бори против централната влада на втората најнаселена земја во Африка, не одговори на обвинувањата.

Агенцијата Ројтерс не успеала да ги потврди информациите од независни извори за борбите кој градот Комболча, кој е лоциран на клучниот автопат одделечен 380 километри од етиопската престолнина Адиса Абеба. Комуникацијата со оваа област е прекината, а на новинарите им е оневозможен пристапот.

Претходно во неделата портпаролот на тиграјските изјави дека нивните борци напредуваат кон југот за да го заземат Комболчи и тамошниот аеродром. Со тоа бунтовниците се доближија најблиску до Адис Абеба од почетокот на офанзивата којашто започна во јуни, против соседната покраина Амхара. Премеирот Абиј Ахмед истот ден ги повика сите граѓани на мобилизација.

„Терористичката група TPLF егзекуртирала повеќе од 100 млади жители на Комбoлча во областите во кои се инфилтрирале“, објави етиопската влада на на Tвитер, но не појаснува дали убиените се војници или цивили.

Претходно во понеделникот американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека е загрижен поради извештајот дека Тиграјците ги заземале Комболча и Десие, блискиот град во кој бунтовничките борци влегоа во саботата.

„Продолжувањето на судирите ја пролонгира тешката хуманитарна криза на северот на Етиопија. Сите страни мроа да ги запрат борбените операции и да безусловно да ги започнат преговорите за примирјето“, порача Блинкен.

Десетици илјади припадници на народот Амјара побегнаа претходно во Десие поради борбите. Владата тврде дека овој град не е под контрола на тиграјските бунтовници.

Заземањето на Камболча би претставувало значакни стратешко остварување за Тиграјците, кои етиопскитеа војска и амхарските милици се обидуваат да ги потиснат од покраината Ахара.

Пред една година започна војната меѓу етипските владини сили и силите на Тиграј кој доминираше на етиопската политичка сцена речиси 30 години, односно до 2018 година кога премиер стана Абиј Ахмед, припадник на народот Оромо, добитник на Нобеловата награда за мир пред три години за решавање на деценискиот конлфикт во регионот. Во судирите досега се убиени илјадници цивили, а повеќе од 2,5 милиони луѓе ги напуштија своите домови.

Слични содржини