Етиопјаните ќе засадат 50 милијарди дрвја во 2026 година

од Milan1
17 прегледи

Милиони граѓани на Етиопија денеска учествуваат во амбициозна национална акција за садење 700 милиони дрвја за само 24 часа. Кампањата е дел од поширока иницијатива за заштита на природата и ублажување на последиците од климатските промени, чија цел е да се засадат вкупно 50 милијарди дрвја до 2026 година, пишува АП.

Овој проект, познат како „Зелено наследство“, беше покренат од премиерот Абиј Ахмед во 2019 година. Според министерот за комуникации на Етиопија, Тесфахун Гобезаи, досега околу 14,9 милиони луѓе учествувале во акцијата и засадиле речиси 355 милиони садници само до утринава.

Иако информациите на владата не можат да се потврдат независно, агенцијата АП пренесува дека акцијата добила голема поддршка низ целата земја, чии жители бројат над 120 милиони. Од почетокот на иницијативата досега, властите тврдат дека се засадени околу 40 милијарди садници, а целта за 2025 година е вкупно 7,5 милијарди дрвја.

За да се овозможи масовно учество, денеска се затворени многу јавни институции, а илјадници државни службеници се распоредени низ земјата за да помогнат во акцијата.