ЕУ: Ако има прислушкување на дипломати, тоа е прекршување на Виенската конвенција

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Делегацијата на ЕУ во Скопје испрати реакција откако опозицискиот лидер Заев објави дека се прислушувани шест амбасадори. Во официјалната реакција Делегацијата на ЕУ во Скопје изразува длабока загриженост.
eu delegacija

– Ако дипломатската коресподенција била пресретнувана, тоа претставува прекршување на одредбите на Виенската конвенција од страна на земјата домаќин. Ова треба да биде испитано од истражните власти на транспарентен и независен начин, се вели во реакцијата.

Италијанскиот амбасадор во Македонија за Радио Слободна Европа изјави дека бил информиран од шефот на СДСМ дека неколку актуелни и неколку поранешни амбасадори биле прислушувани.