Европската унија го обвини Амазон за злоупотреба на својата доминантна позиција во трговијата преку Интернет и кршење на законите за конкуренција.
Официјалната претставничка на Европската комисија Маргарита Вестагер изјави дека истрагата утврдила дека Амазон незаконски ја користел својата доминантна позиција на пазарот во Германија и Франција, земји кои се најголеми пазари за онлајн гигантот во Европската унија.
Амазон, наводно, користел тајни податоци за клиентите за да утврди кои нови производи ќе ги лансира секоја година, рече Вестагер.
„Немаме проблем со успехот на Амазон или нејзината големина. Ние сме загрижени за многу специфично деловно однесување што ги крши правилата на фер конкуренција“, рече таа.
Европската комисија започна истрага против Амазон како производител и продавач во јули минатата година. Комисијата ги проучувала договорите меѓу „Амазон“ и независните продавачи и дали податоците за клиентите биле неправедно користени во корист на „Амазон“, која исто така ги продава своите производи.
Прелиминарните резултати од истрагата покажаа дека Амазон го прекршил законот против спречување на конкуренцијата.
Официјалните лица од двете страни на Атлантикот се особено насочени кон начинот на кој големите технолошки компании ги користат податоците за клиентите и на тој начин се справуваат со помалите ривали. Министерството за правда на САД минатиот месец го обвини Гугл за гушење на конкуренцијата благодарение на неговиот интернет пребарувач.
Европската унија стана вистинско бојно поле за технолошките компании поради строгите правила за заштита на податоците, говорот на омраза, даноците и конкуренцијата. Претставници на ЕУ претходно казнија со милиони компании како „Гугл“ и многу веројатно е дека „Амазон“ ќе го искуси истото.