Владите на ЕУ денеска дојдоа еден чекор поблиску до договор за воведување построги санкции кон Русија, кои вклучуваат забрана за купување руска нафта, но разговорите ќе продолжат утре за да им се овозможи на земјите кои се најзависни од руската нафта да можат да се носат со санкциите.
Амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ од 4 мај секојдневно се состануваат за да разговараат за деталите од шестиот пакет санкции насочени кон Москва поради инвазијата на Украина, објави „Ројтерс“.
Со цел сите членки на ЕУ да се согласат, Комисијата во петокот предложи измени на планираното ембарго за руската нафта, со цел трите земји да имаат повеќе време да ги променат своите снабдувачи со енергија.