181
Земјите од Европската унија треба да ги забрзаат преговорите за нова климатска политика, да ги подигнат предложените цели за намалување на штетните емисии на гас и да ги напуштат руските фосилни горива што е можно поскоро, објавија во четвртокот 11 земји-членки на ЕУ.
Земјите од ЕУ и Европскиот парламент преговараат за бројни „зелени“ мерки оваа година, вклучувајќи нови правила за пазарот на јаглерод, забрана за нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година и поамбициозни цели за проширување на обновливите извори на енергија.
Предлозите се дизајнирани да ги намалат нето емисиите на стакленички гасови во ЕУ за 55 отсто до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година.