ЕУ денеска ги продолжува разговорите за ембарго за увоз на руска нафта

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Постојаните претставници на земјите-членки на Европската унија не постигнаа договор за ембаргото за увоз на руска нафта и денеска ќе ги продолжат разговорите, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван извор.

Некои земји-членки на ЕУ, особено Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија, изразија загриженост поради предложените мерки, пренесе ТАСС.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент ги претстави деталите од шестиот пакет санкции против Русија поради нападот врз Украина, најавувајќи целосен крај на зависноста на Европската унија од руската нафта.