ЕУ директно бара од Кина поголема вклученост во завршувањето на војната во Украина

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе побара од Кина директно во Советот за безбедност на Обединетите нации да направи повеќе за да ја наведе Русија на „праведен мир“ во Украина, се вели во нацртот на неговиот говор на Генералното собрание на ОН, виден од Ројтерс.

На денешниот состанок на Советот за безбедност за време на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк, Мишел ќе повика на „праведен мир кој ќе ја почитува Повелбата на ОН и нејзините основни принципи – територијалниот интегритет на суверена држава“, наведува британската агенција.

Како што е наведено во нацртот, во директното обраќање до кинеската делегација, Мишел ќе објави: „Како одговорни земји, да ги здружиме силите, да ја убедиме Русија да стави крај на оваа криминална војна која боли толку многу“.

Слични содржини