Европската унија ги казни водечките германски производители на автомобили со милијарда долари, велејќи дека се согласиле да го ограничат развојот и спроведувањето на системот за контрола на емисиите.
Дајмлер, БМВ и Фолксваген, вклучително и „Ауди“ и „Порше“ во сопственост на Фолксваген, избегнаа да се натпреваруваат во развојот на системи и технологии што ги намалуваат емисиите, соопшти Европската комисија.
Дајмлер не беше казнет откако тој го откри картелот пред Европската комисија.
За прв пат, ЕК ги казни компаниите за ограничувања во примената на техничкиот развој, а не за вообичаената практика на одредување на цените.
Европскиот комесар за конкуренција Магрет Вестагер изјави дека компаниите, иако имаат технологија за намалување на штетните емисии, се спротивставиле на конкуренцијата и им ја одземале можноста на купувачите да купуваат автомобили што помалку ја загадуваат животната средина
„Производителите намерно избегнаа да се натпреваруваат за намалување на емисиите повеќе отколку што се бара со стандардите на ЕУ. И тие го сторија тоа и покрај фактот дека е достапна соодветна технологија “, рече Вестагер. „Тоа ја направи нивната пракса незаконска“, рече таа.
Според Вестагер, компаниите се договориле за големината на резервоарите што содржат раствор на уреа, познат како „AdBlue“, кој се инјектира во издувниот проток за да се ограничи загадувањето со дизел моторите.
Фолксваген објави дека големините на резервоарите произведени од сите споменати производители на автомобили се „два до три пати“ поголеми од она што беше кажано во преговорите. Оттамуј ја споменаа можноста за жалба до Европскиот суд на правдата.