ЕУ ги менува Шенген-правилата поради терористите

од desk3
111 прегледи

Предлогот за создавање на база на податоци на патниците во европски авиокомпании предвидува за секое лице кое ќе се движи со авион на територијата на Европа, да се собира за него огромно количество на информации.

NACIS

Земјите членки на ЕУ, размислуваат “намерна промена во шенгенските правила, која ќе им овозможи системски проверки на сите употребени бази на податоци, за да се откријат и да се спречат сомнителни движења, претежно на странски терористи”. Ова станува јасно од предлог, подготвен за одобрување од евролидерите на Европскиот совет, кој ќе се одржи во крајот на идната недела, и е цитиран од електронското издание “Њу Обзервер”.

Текстот повикува исто и “за мониторинг и отстранување на содржини на веб-сајтовите што поттикнува кон тероризам или насилство”. Пратениците во ЕП пак се повикани “итно да го прифатат предлогот за создавање на база на податоци за патниците во европски авиокомпании”. Истиот предвидува од секое лице,кое пристигнува во земјата членка на ЕУ, или напушта територијата на заедницата со авион, да се соберат над 40 видови податоци, меѓу кои адреса на живеење, начин на плаќање на билетот, информации за банкарските картички и др.

Предлогот созреваше во ЕП од пред три години поради загриженоста дека ќе го наруши правото на неповредливост на личните податоци на граѓаните, што е во спротивност со евро-законодавството.

Дипломат од ЕУ изјави за “Њу Обзервер” дека Документот подлежи на измени, а земјите-членки на ЕУ се уште ги “испраќаат своите поправки” во содржината. Повеќето од мерките вклучени во него, сепак се дискутираа веќе од еврочиновници и од министрите за внатрешни работи од ЕУ. Идејата на координаторот на ЕУ за борба против тероризмот Жил де Керков за интернет компаниите да обезбедат шифри на системите за енкрипција на податоци, засега не е вклучена за дискусија.

Средбата на евролидерите на 12 февруари во Брисел ќе е прва по терористичките напади во францускиот сатиричен неделник “Шарл ебдо” и еврејскиот супермаркет во Париз,при коие загинаа 17 лица.