346
Европската комисија објави дека земјите-членки на Унијата постигнаа договор со кој вакцинираните луѓе и оние кои се опоравиле од „Ковид-19“ ќе бидат ослободени од ограничувањата за патување во текот на летото.
Како што беше наведено на прес-конференцијата, беше договорено валидноста на ПЦР тестот да биде 72 часа.
Препораката, исто така, ги разјаснува условите за децата, со цел да се обезбеди „семејно единство за време на патувањето“.
Се проширува и списокот на региони во рамките на ЕУ од каде патувањето се смета за безбедно.