ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци

од Stefanija Kuzmanovska
179 прегледи

Европската унија денеска одлучи да ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци, до 31 јануари 2024 година, поради воената агресија на таа земја врз Украина, се наведува на веб-страницата на Советот на ЕУ.

„Овие санкции, кои првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските дејствија што доведоа до дестабилизација на ситуацијата во Украина, беа значително проширени од февруари 2022 година, како одговор на неиспровоцираната и неоправдана воена агресија на Русија против Украина“, се вели во соопштението.

Се додава дека санкциите се однесуваат на голем број сектори, вклучувајќи трговија, финансии, технологија, стоки со двојна употреба, индустрија, транспорт и луксузни стоки.

Слични содржини