Европската унија (ЕУ) одлучи да ги продолжи санкциите против Русија за уште шест месеци, со образложение дека ја дестабилизира Украина.
Европскиот совет објави дека одлучил да ги продолжи санкциите против Русија до 15 март 2022 година, поради, како што се наведува, заканите на Русија за територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, пренесува Анадолија.
Во соопштението се наведува дека имотот на 177 лица бил замрзнат и била воведена забрана за патување, додека санкции биле воведени и против 48 компании и институции.
Русија илегално ги анектираше Автономната Република Крим и градот Севастопол во март 2014 година.
По присоединувањето на Крим кон Русија и настаните во источна Украина, Европската унија, САД и некои земји воведоа различни санкции против Русија.