ЕУ ги проширува санкциите против Белорусија

Европската унија денес ги прошири санкциите против Белорусија за да ги опфати потезите на Минск за кои ЕУ смета дека ги поткопуваат демократијата, владеењето на правото и безбедноста во земјите-членки на блокот.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/БЕЛТА

Европската унија денес ги прошири санкциите против Белорусија за да ги опфати потезите на Минск за кои ЕУ смета дека ги поткопуваат демократијата, владеењето на правото и безбедноста во земјите-членки на блокот.

„Новите критериуми ќе ѝ овозможат на ЕУ да воведе рестриктивни мерки против оние кои планираат, насочуваат, поддржуваат или олеснуваат манипулација, како и мешање во информирањето“, соопшти денес Советот на ЕУ, објави Ројтерс.

Се наведува дека проширените санкции ќе ѝ овозможат на ЕУ да ги таргетира „неовластените влегувања на територијата на земја-членка“.