120
Група земји-членки на Европската унија го повикуваат блокот да ги зајакне механизмите, вклучително и примената на трговските мерки, за да им биде возвратено на оние кои ѝ помагаат на Русија да ги заобиколи санкциите.
Нацртот на предлогот до кој „Блумберг“ имал увид вели дека новите овластувања вклучуваат предупредувања за поединци или компании, надвор и во рамките на европскиот блок, кои ѝ помагаат на Русија.
Исто така, ЕУ ќе може да дејствува кога таа помош се однесува на производите што се користат во борбата против Украина.