Европската унија ги има земено во предвид коментарите на премиерот на Косово, Албин Курти, во врска со формирањето на Заедницата на српските општини, а дискусиите и предлозите за ова прашање треба да се развијат во рамките на дијалогот, изјави портпаролот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Петер Стано за приштинска Коха.
Тој во петокот ја истакна подготвеноста на европскиот блок да ги олесни разговорите за ЗСО на претстојните состаноци, наведувајќи дека дијалогот е простор каде страните можат да разговараат и да дадат предлози за формирање на ЗСО.
„Ги земавме предвид коментарите на премиерот Курти во однос на Заедницата на општините со српско мнозинство, претставени во Собранието на Косово, на 2 февруари. Дијалогот вклучува форум на кој ќе се разговара за создавање на Унијата, како и за секој предлог што го имаат двете страни. ЕУ е подготвена да ги олесни дискусиите за ЗСО на идните состаноци за дијалог“, рече Стано.