26
ЕУ гласаше за воведување царини до 45 отсто за електричните возила од Кина, велат извори, откако истрагата покажала дека Пекинг неправедно ја субвенционирал нејзината индустрија.
Овој потег се очекува да ги зголеми трговските тензии со Пекинг.
Да потсетиме, членките на ЕУ денеска гласаа дали во следните пет години ќе воведат царини до 45 отсто за увоз на електрични автомобили од кинеско производство.
Германија ќе гласа против воведувањето на тие царини, изјавија за Ројтерс добро упатени извори.