ЕУ го претстави планот за ставање крај на зависноста од Русија

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Европската комисија предложи нацрт-план за да се направи Европа независна од руските фосилни горива пред 2030 година, почнувајќи од гасот.

Соопштението доаѓа откако Русија претходно се закани дека ќе го затвори својот главен гасовод кон Германија.

Европа со месеци се соочува со пораст на цените на енергијата, но сега несигурноста во снабдувањето, во светло на руската инвазија на Украина, го влошува проблемот.

Со цел постепено намалување на зависноста од руските фосилни горива, Комисијата предлага план наречен REPowerEU, кој треба да ја зајакне отпорноста на енергетскиот систем, да го диверзифицира снабдувањето со гас преку зголемување на увозот на течен гас од други добавувачи и да ја зголеми употребата на биометан и обновлив водород.

Планот има за цел да ја намали побарувачката на ЕУ за руски гас за две третини пред крајот на годината.

Слични содржини