9
Европската унија, Велика Британија и Јапонија и други земји денеска побараа итно реагирање за да се стави крај на гладувањето на палестинското население во Газа
„Хуманитарното страдање во Газа достигна незамисливи нивоа. Луѓето гладуваат пред нашите очи“, објави ЕУ, заедно со уште 24 други земји.
Канада и Австралија се меѓу потписниците кои го повикуваат Израел да „дозволи премин на сите конвои со хуманитарна помош на меѓународните невладини организации и да ги отстрани пречките што ги спречуваат хуманитарните работници да интервенираат“.