Јапонија и Европската унија на самитот се согласија дека ќе ја продолжат соработката со цел да се изврши притисок и санкции врз Русија, а претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен рече дека Москва е „најдиректната закана“ за меѓународниот поредок поради нејзината „варварска војна“ во Украина.
Фон дер Лејен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и јапонскиот премиер Фумио Кишида на заедничката прес-конференција по самитот во Токио изјавија дека ќе продолжат со разговорите за тоа како да се оптимизира партнерството во сите области, вклучително и енергетиката.
Руската инвазија на Украина не е само прашање на Европа, туку го разниша меѓународниот поредок, вклучително и Азија, истакна Лејен.