Европската унија објави дека ќе го потпише долгоочекуваниот договор со Косово следниот вторник за зближување на односите.

Договорот може да го отвори патот за евентуално членство на малата балканска земја во Унијата, пренесува “Франс прес”.

430x286

Портпаролот на ЕУ рече дека првите официјални лица ќе потпишат Спогодба за стабилизација и асоцијација во Стразбур.

Еднаш штом биде применет договорот, тоа ќе донесе поголем економски просперитет, правна сигурност, отчетност на владата и политичка стабилност за народот на Косово, додаде портпаролот.

Овој договор е првиот чекор на патот кон членство во Унијата.

Слични содржини