Како одговор на Starlink на Илон Маск и други слични проекти, Европската унија започна амбициозна програма за формирање мрежа од 290 сателити кои ќе обезбедат стабилна интернет конекција и ќе ја осигуруваат безбедноста на унијата. Орбиталната мрежа „Ирис2“ од 290 сателити ќе обезбеди шифрирана врска за клучните услуги на членките на ЕУ, како и развивање на нови комерцијални услуги.
– Ова е значаен чекор кон европскиот суверенитет и безбедно поврзување – посочија од Европската комисија.
Технолошкиот напредок придонесе за тоа дека перформансите на идната мрежа на сателити ќе бидат еквивалентни на илјадници сателити во „мега-соѕвездијата“, како што е Starlink.
– Во сè покомплексниот геополитички свет, од суштинско значење е обезбедувањето еластична, безбедна и брза комуникација – рече Јозеф Ашбахер, директор на Европската вселенска агенција, додавајќи дека овој проект ќе придонесе за конкурентност и ќе отвори нови работни места.
Проектот е трета голема вселенска иницијатива на ЕУ, по системот за навигација „Галилео“ и набљудувачката мрежа „Коперник“.