ЕУ ја обвинува Apple за злоупотреба на позицијата поради апликацијата Apple Pay

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Европската унија (ЕУ) ја обвини Apple за злоупотреба на својата доминантна позиција во начинот на кој управува со апликацијата Apple Pay, пренесува Associated Press.

Европската комисија ја истражува технолошката компанија од 2020 година.

Прелиминарниот став на комисијата е дека Apple ја ограничува конкуренцијата со тоа што ги спречува програмерите на апликации за мобилни паричници да пристапат до неопходниот хардвер и софтвер на своите уреди.

Комисијата тврди дека оваа практика „има исклучувачки ефект врз конкурентите и води до помали иновации и помал избор за корисниците на мобилни паричници на iPhone уредите“.

Европската институција соопшти дека испратила изјава за приговорите до Apple поради нејзините практики.

Тоа е една од неколкуте истраги што ЕУ ги покрена против Apple.

Регулаторите на ЕУ, исто така, истражуваат дали компанијата ги прекршила антимонополските закони на Унијата со нарушување на конкуренцијата за стриминг музика со наметнување нефер правила за ривалските услуги во нејзината онлајн продавница.

Apple Pay е апликација која овозможува мобилни плаќања.

Апликацијата може да ја користат корисниците на iPhone уредите.

Слични содржини