ЕУ ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА АСТРАЗЕНЕКА: Ќе биде наменета за лица над 18 години

од Nikola Popovski

Европската агенција за лекови ја одобри употребата на вакцината АстраЗенека против коронавирус за секој постар од 18 години.

Во текот на оваа недела имаше спор меѓу Брисел и АстраЗенека поради проблеми во испораката на вакцини.

Претходно денес, Европската комисија го објави текстот на договорот денес.

Станува збор за обемен документ во кој треба да се разгледаат деталите, но според толкувањето на Европската комисија, „нема сомнение“ дека АстраЗенека се обврзала да доставува вакцини во ЕУ во првиот квартал од оваа година.

АстраЗенека се согласи да открие доверливи детали, соопшти ЕК. Сепак, делови од договорот достапни на веб-страницата на ЕК се скриени, така што најважното нешто не е видливо – колкави количини вакцини се договорени за испорака во првиот квартал од оваа година. Како што дознаваме, 95 проценти од заштитените содржини припаѓаат на АстраЗенека, а само 5 проценти на ЕК.

ФАЗ пишува дека шефот на АстраЗенека, Паскал Сорио, предлага компромис, како компанијата би се откажала од дел од најавените намалувања на испораката.

Минатата недела Брисел објави дека АстраЗенека ги известила дека наместо договорените 80 милиони дози на вакцината, таа ќе испорача само 31 милион во првиот квартал. Повикувајќи се на извор во ЕУ, ФАЗ пишува дека ЕУ на крајот треба да прими повеќе од 31 и помалку од 80 милиони дози од вакцината.

Слични содржини