ЕУ ја повика Турција да се врати во Конвенцијата за правата на жените

од Vladimir Zorba
171 прегледи

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Европската комисија и шефот на европската дипломатија викендов ја критикуваа одлуката на Турција да се повлече од Истанбулската конвенција за правата на жените.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во неделата ги повика сите потписници да ја ратификуваат конвенцијата.

„Жените заслужуваат силна законска рамка што ќе ги заштити“, рече таа, додавајќи: „Насилството врз жените не може да се толерира“.

Европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел изрази жалење за одлуката во саботата и ја повика Турција да се премисли.

„Се надеваме дека Турција повторно ќе се приклучи на Европската унија во одбраната на правата на жените и девојчињата, што е основен елемент на човековите права, мирот, безбедноста и еднаквоста во 21 век“; рече Борел.

Истанбулската конвенција, повелба донесена од Советот на Европа во 2011 година, се обидува да создаде правна рамка за спречување на насилство и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потпиша конвенцијата уште додека беше премиер, а подоцна беше ратификувана во Турција.

Сепак, според турската платформа „Ние ќе го запреме фемицидот“, неговата примена никогаш не се случила.