Европската унија денеска соопшти дека ќе ја продолжи суспензијата на ограничувањата за увоз од Украина за уште една година, откако ја укина забраната за увоз на жито, воведена од одредени членки.
Советот на Европската унија соопшти дека министрите за трговија на ЕУ се согласиле за продолжување на денешниот состанок, пренесува „Ројтерс“.
ЕУ ги укина тарифите и другите ограничувања во јуни 2022 година, што доведе до незадоволство меѓу земјоделските групи што кулминираше во Полска и Унгарија.
Двете земји забранија увоз на одредени житарки од Украина во април, но се согласија да дејствуваат како транзитни патишта за украинското жито што не може да се извезува преку нејзините пристаништа на Црното Море.
Освен во Полска и Унгарија, властите на Бугарија, Романија и Словачка ќе забранат продажба на одредени житарки од Украина во нивните земји, но ќе дозволат нивен извоз во други земји преку нивната територија, пренесува „Танјуг“.