ЕУ ја тужи Малта поради дискриминаторски данок на промет на возила

од Stefanija Kuzmanovska
235 прегледи

Европската комисија најави дека ќе ја тужи Малта поради годишниот закон за данок на промет, според кој користените автомобили купени на домашниот пазар се оданочуваат по пониска стапка од половните автомобили увезени од други земји-членки на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението од ЕУ се наведува дека „оваа дискриминаторска акција не е компатибилна со членот 110 од ТФЕУ, кој забранува дискриминација на увезените производи“.

Европската комисија наведува дека во јуни 2021 година официјално побарала од Малта да го промени законот за годишниот данок на промет и дека одговорот на Малта на нивното образложено мислење „се смета за незадоволителен“.

Слични содржини