ЕУ ќе разговара за воените злосторства во Украина со обвинителот на МКС

од Маја Анчевска
267 прегледи

ЕУ ќе разговара за нејзината поддршка за истрагите за воени злосторства во Украина на состаноците во следните два дена со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, соопшти денеска Европската комисија.

Карим Кан, од судот со седиште во Хаг, в недела во Луксембург ќе се сретне со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, а потоа ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во градот в понеделник.

Состаноците ја нагласуваат силната поддршка на Европската унија – исто така изразена во изјавата на Г7 во четвртокот – за истрагите за злосторствата во Украина, поттикнати особено од убиствата во градот Буча, во близина на Киев.

Функционери на ЕУ претпочитаа да ги чекаат резултатите од истрагите за воени злосторства спроведени од украинското обвинителство со помош на МКС, ЕУ, комесарот за човекови права на ОН и ОБСЕ.

Шефот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која вчера ја посети Буча со Борел, рече додека ја напушташе Украина во саботата: „Ако ова не е воено злосторство, што е воено злосторство?“ Но, додаде таа, потребна е ригорозна истрага за сите идни обвиненија за воени злосторства да се покренат на суд.

Слични содржини