ЕУ: Кина не може да затвора очи

од Nikola Popovski
299 прегледи

Лидерите на Европската унија денеска ја повикаа Кина да помогне да се стави крај на војната во Украина. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека онлајн средбите со кинеското раководство, премиерот Ли Кечијанг и претседателот Си Џинпинг се одвивале во многу „трезвена атмосфера“.

„Денешниот самит секако не беше вообичаен“, рече таа, додавајќи дека Кина, како постојана членка на Советот за безбедност, има „посебна одговорност“.

„Ја повикуваме Кина да помогне да се стави крај на војната во Украина. Кина не може да замижи пред руското кршење на меѓународното право“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Фон дер Лајен рече дека ги предупредиле кинеските лидери да не и помагаат на Русија да ги избегне западните санкции.