ЕУ ќе следи дали Маск ги прекршува законите за време на интервјуто со лидерката на АфД

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Европските технолошки регулатори внимателно ќе го следат интервјуто на извршниот директор Илон Маск со лидерката на германската екстремна десница Алтернатива за Германија, Алис Вајдел вечерва на социјалната мрежа за да утврдат дали има потенцијални прекршувања на законите на ЕУ.

Така, тим од речиси 150 претставници на Европската комисија ќе помогне да се испита дали мрежата на Маск работи според техничките правила на ЕУ, пишува „Политико“.

Европските регулатори помалку ќе се грижат за самиот разговор и повеќе за тоа како платформата и алгоритмите на Маск го продаваат преносот во живо на своите повеќе од 100 милиони корисници во ЕУ.

Слични содржини