Комитетот на Европскиот парламент за животна средина го поддржа поранешниот холандски министер за надворешни работи Вопке Хоекстра како следен носител на политиката на ЕУ за климатските промени, соопшти денеска претседателот на овој комитет, Паскал Канфин.
Хоекстра и Марош Шефчовиќ, кој беше номиниран за главен координатор во спроведувањето на зелените политики на Европската унија, добија поддршка од најмалку две третини од членовите на одборот, објави Канфин на платформата Х (Твитер), пренесува „Ројтерс“.
На кандидатите сè уште им треба формално одобрение од мнозинството од целосниот парламент на ЕУ, на гласањето закажано за четврток.