171
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за продолжување на мандатот на специјалниот претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина и други отворени прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Мандатот на Лајчак е продолжен за две години, до 31 август 2024 година, се вели во соопштението на Советот на ЕУ.
Лајчак е назначен на оваа функција на 2 април 2020 година, на предлог на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, а со согласност на сите шефови на дипломатии на ЕУ.