ЕУ: Нападот на Кременчук е уште едно воено злосторство на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

ЕУ остро го осуди рускиот ракетен напад врз трговскиот центар во украинскиот град Кременчук и повтори дека Русија сноси целосна одговорност и ќе биде одговорна за „актите на агресија и целото уништување и загуба на животи што ги предизвикува“.

„Ова е уште еден грозоморен чин во серијата напади врз цивили и цивилна инфраструктура од страна на вооружените сили на Русија, вклучувајќи ги и најновите ракетни напади врз цивилни згради и инфраструктура во Киев и други региони. Продолжувањето на гранатирањето на цивили и цивилни објекти е застрашувачко, целосно неприфатливо и воено злосторство“, се вели во писмената изјава на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

Борел ја нагласува целосната солидарност на ЕУ со украинскиот народ и повторува дека Унијата ќе продолжи да дава силна поддршка за севкупната економска, воена, социјална и финансиска отпорност на Украина, вклучително и хуманитарна помош.

Слични содржини