ЕУ НЕ Е ЕДИНСТВЕНА: Неколку земји-членки не сакаат да воведат санкции кон Русија

од Nikola Popovski
233 прегледи

Се очекува во среда Европската унија да објави нов пакет санкции против Москва, но не се сите земји-членки за тоа.

Новиот, шести пакет санкции се однесува на целосно ембарго за увоз на нафта. Амбасадорите на 27-те земји-членки ќе се сретнат во среда за да го разгледаат планот уште еднаш пред конечното одобрување. Официјални претставници на ЕУ доцна вечерта во вторникот им доставија нацрт-план на земјите-членки, но сè уште постои поделеност околу тоа како би можело да функционира ембаргото за нафта.

Познато е дека Чешка ќе побара период на изземање од предложеното ембарго на Европската унија за руската нафта и со тоа ќе добие време да го зголеми капацитетот на нафтоводот, најави денеска премиерот на таа земја Петр Фијала.

– Се обидуваме да добиеме одложување за две, можеби три години, изјави Фијала, пренесува Ројтерс.

Тој нагласи дека Чешка е подготвена да ја поддржи одлуката за воведување санкции кон Русија, во кои е вклучена нафтата, со оглед на тоа што, како што наведе, ќе има одреден период на одложување до капацитетите на нафтоводот, кој може да испорачува нафта до Чешка, зголемување.

Бугарскиот вицепремиер Асен Василев во средата објави дека Софија ќе бара изземање од предложеното ембарго на ЕУ за руската нафта.

Унгарија и Словачка претходно побараа да бидат изземени од предложеното ембарго. Сепак, само Унгарија и Словачка добија одобрение да можат да купуваат нафта од Русија до крајот на 2023 година, дознава Ројтерс.

Ембаргото предложено од ЕУ значи постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и нафтени деривати до крајот на 2022 година.