99
Правните експерти на Европската унија потврдија дека во моментов нема правна основа Иранската револуционерна гарда да се прогласи за терористичка организација, изјави во понеделникот германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Засега немаме правна основа во ЕУ да ја ставиме Револуционерната гарда на списокот на терористички организации“, рече таа на брифинг со новинарите во Брисел, по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ, пренесe Ројтерс.
Претходно во понеделникот, Европската унија воведе санкции за две организации и 32 Иранци, вклучително и министерот за култура и образование, разузнавачки службеници и пратеници, обвинети за поврзаност со насилниот одговор на протестите во Иран.