Поради Источна Европа, ЕУ не смее да го заборави Западен Балкан и мора да му обезбеди кредибилна европска перспектива преку посилна вклученост, е заклучокот од денешната трибина на Европскиот форум Вахау во манастирот Гетвајг.
Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека одлуките што ги донесе ЕУ во однос на Украина и Молдавија покажуваат дека Унијата, кога е обединета, може да биде геополитички столб и меѓународен актер.