Европската комисија одобри 155 милијарди евра помош што Франција одлучи да ја пренасочи од програмата за пандемијата кон зајакнување на ликвидноста на компаниите погодени од војната во Украина и санкциите против Русија.
Франција е првата земја од ЕУ која доби зелено светло за поддршка на компаниите во кризните мерки кои привремено ги олеснија регулативите за државна помош поради руската инвазија на Украина.
„Програмата ќе и овозможи на Франција да ги ублажи економските последици од војната на Путин во Украина и да ги поддржи компаниите погодени од актуелната криза и придружните санкции“, рече потпретседателката на Европската комисија, Маргрете Вестагер.
Корисниците ќе имаат право на нови кредити кои делумно ќе бидат покриени со државна гаранција.