Советот на ЕУ денеска одобри исплата на една милијарда евра нова макрофинансиска помош за Украина во форма на заеми за владата во Киев, која треба да ги покрие итните потреби на оваа земја разурната од војна.
„Овие милијарда евра ќе ја зајакнат државата во клучна фаза“, изјави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лејен.
Во Брисел наведуваат дека денешниот предлог е дополнување на поддршката што ЕУ веќе ѝ ја даде на Украина во првата половина од годинава, а во која е вклучен итен заем од 1,2 милијарди евра.