ЕУ одобри нацрт-закон за регулирање на пазарот на криптовалути

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Членовите на Европскиот парламент денеска одобрија амбициозен нацрт-закон (MiCA) во кој Брисел за прв пат се обидува да го регулира пазарот на криптовалути.

Европскиот комесар за финансиска стабилност и финансиски услуги Мериад Мекгинис очекува дека MiCA ќе стане валиден закон во ЕУ од јули, откако ќе биде одобрен од парламентите на земјите-членки на Европската унија, пренесе Bloomberg.

Како што видовме во последните месеци, очајно се потребни надзор и построги правила за да се избегне колапс сличен на оној на FTX, Terra Luna, Celsius и Voyager, додаде комесарот Мекгинис.

Слични содржини