ЕУ одобри распределба на 3,5 милијарди евра за воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
174 прегледи

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска одобрија издвојување на 3,5 милијарди евра за фондот од кој Брисел издвојува пари за испорака на оружје за Украина.

„Советот (ЕУ) денеска донесе одлука за зголемување на вкупната финансиска граница на Европскиот фонд за мир ЕПФ за 3,5 милијарди, врз основа на претходен договор од 20 март 2023 година. Оваа одлука има за цел да обезбеди финансиска одржливост на ЕПФ на подолг рок и го зачувува опсегот и способноста на ЕУ да спречи кризи и конфликти и брзо да одговори на нив“, се вели во соопштението.

Како што пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани извори во ЕУ, специјалниот пратеник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побарал да се подигнат лимитите на фондот, кој досега веќе доделил околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.

Слични содржини