Европската комисија денеска донесе одлука за нов пакет хуманитарна помош од 210 милиони евра за 15 земји.
Комисијата процени дека оваа година несигурноста во храната достигна невидено ниво, при што најмалку 205 милиони луѓе моментално се во состојба на екстремна несигурност на храна и на кои им е потребна итна помош, а ситуацијата е драматична и постои ризик од глад во Авганистан, Етиопија, Нигерија, Јужен Судан, Сомалија и Јемен, соопшти извршното тело на Унијата.
„Мораме да дејствуваме за да избегнеме глад во некои од најсиромашните делови на светот“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен.